Како што се приближуваме до обележувањето на првата годишнина од објавата на PlayStation 5 конзолата, некој веќе успеа да ја пробие безбедноста на уредот.

Хакерите од тимот на Fail0verflow тврдат дека успеале да го рутираат PlayStation 5. Групата тврди дека успеала да ги добие сите симетрични „root“ клучеви на PS5.

Хакерите дојдоа до овој потфат со дешифрирање на фирмверот на конзолата. На Twitter е објавена и фотографија од пробиениот софтвер беше објавена и на Твитер, со фокус на „secure loader” (secldr) на системот.

Во повеќето случаи, пробивањето на PlayStation бара хардверска модификација. Иако тимот на Fail0verflow не откри детали за техниката што ја користеше, истакнато е дека клучевите се добиени од софтверот, без хардверски модификации.

Овој потфат отвора можност за Fail0verflow или други хакери да создадат прилагоден PS5 фирмвер, што ќе овозможи вметнување софтвер што е придодаден на автентичните клучеви што доаѓаат со тој фирмвер. Пиратите можат да го користат истиот метод за покренување на кракуваниот софтвер.

Преку споменатиот метод би можело да се користат алтернативни оперативни системи на PlayStation 5 козолата, како што е Linux.