Nvidia GeForce RTX 3080 Ti графичката картичка дефинитивно пристигнува. Кога се работи за датумот на излегување, за кој се говори дека е 3. јуни, сепак, не можеме да биде сосема сигурни. Тоа е најновата гласина, со потенцијална најава која би се случила една недела пред лансирањето.

Гласината на појавувањето во мај е поместена, но првите необјавени MSI GeForce RTX 3080 Ti Ventus 3X OC модели почнаа да ги полнат погоните, а тоа значи тоа нема долго да потрае. Табелите со перформанси и спецификации веројатно наскоро ќе почнат да се појавуваат, со попрецизни детали како што поминува месецот.

RTX 3080 Ti се очекува веќе некое време. Постојат такви корисници кои сакаат повеќе сирова сила од стандардниот GeForce RTX 3080, но не сакаат многу да платат за GeForce RTX 3090; картичка која нема премногу смисла за гејмерите, бидејќи нејзината цена го одзема здивор со своите 1499 долари. Побрзиот RTX 3080, кој нуди повеќе сирова сила, посебно при 4K, има многу повеќе смисла.