Samsung Galaxy A13 5G наводно е во изработка. Во пресрет на официјалната објава на јужнокорејскиот технолошки гигант, новото протекување навестува спецификации на камерата на претстојниот смартфон од Galaxy A серијата. Новиот Samsung Galaxy A13 телефон ќе го наследи Galaxy A12 кој беше лансиран на глобално ниво минатата година, а се претпоставува дека ќе пристигне со четири задни камери, на чело со сензор за главната камера од 50 мегапиксели. Се истакнува и дека преостанатите сензори се исти како неговиот претходник. Samsung Galaxy A12, исто така, има четири задни камери со примарен сензор од 48 мегапиксели.
Според извештајот на јужнокорејскиот портал The Elec, Samsung планира да обезбеди модул за главната камера од 50 мегапиксели на претстојниот Samsung Galaxy A13. Според извештајот, четирикратната задна камера ќе вклучува примарен сензор од 50 мегапиксели, ултраширок сензор од 5 мегапиксели и сензори за длабочина од 2 мегапиксели. Се очекува дека на предната страна Galaxy A13 ќе има камера од 8 мегапиксели.
За Samsung Galaxy A13 5G се шпекулира веќе неколку недели. Неодамнешните протекувања сугерираат дека неговите спецификации би можеле да вклучуваат MediaTek Dimensity 700 чипсет и 6,48-инчен FullHD+ LCD екран. Исто така, се споменува дека смартфонот доаѓа во три конфигурации за RAM и складирање – 4GB RAM + 64GB опција за складирање, 6GB RAM + 128GB и 8GB RAM + 128GB складирање. Телефонот се очекува да pristigne со страничен сензор за отпечатоци и батерија од 5.000 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W.
Да потсетиме, Samsung Galaxy A12 беше претставен во февруари оваа година и телефонот има 6,5-инчен HD+ (720 x 1.600 пиксели) TFT Infiniti-V екран со сооднос 20:9. Осмојадрениот MediaTek Helio P35 чипсет, заедно со 4GB RAM, го напојуваат овој паметен телефон. Како што веќе напоменавме, телефонот има четири засдни камери со примарен сензор од 48 мегапиксели, ултраширок сензор сод 5 мегапиксели, макро камера од 2 мегапиксела и сензор за длабочина од 2 мегапиксела.
Galaxy A12 има и камера сензор од 8 мегапиксели на предната страна за селфи фотографии. Уредот пакува 128 GB вградена меморија, што може да се прошири преку microSD картичка (до 1 TB) и нуди батерија од 5.000 mAh, која поддржува брзо полнење од 15 W.
Поврзани артикли