Xiaomi официјално го претстави новиот Redmi Note 10T 5G телефон (на пазарот на Индија), кој во суштина е ребрендиран модел на Redmi Note 10 5G и POCO M3 Pro 5G телефоните кои претходно се објавени во Азија.

Redmi Note 10T 5G има 6.5-инчен LCD екран со FHD+ резолуција, 90Hz стапка на освежување и Gorilla Glass 3 заштита. На полето на камерите, телефонот користи 48MP главен сензор, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Од предната страна се наоѓа 8MP селфи камера.

Уредот го покренува осмојадрен MediaTek Dimensity 700 чипсет во комбинација со до 6GB RAM и 128GB простор за складирање, проширлив преку microSD слот.

Уредот го напојува батерија со капацитет 5000mAh, со поддршка за 18W полнење. Присутни се и 3.5 мм приклучок, сензор за отпечатоци од страна на рамката и NFC конекција.

Redmi Note 10T 5G е достапен во Metallic Blue, Mint Green, Chromium White и Graphite Black варијанти, по почетна цена од околу 190 долари за 4GB+64GB модел и околу 215 долари за 6GB+128GB варијанта.