Магазинот Time направи листа со легендарни гаџети на деценијата која изминува. Лидерското место е за Apple iPad, кој, како што пишува списанието, го поставува тонот за развој на преносни уреди во текот на овој период.

На второ место е електричниот автомобил Tesla Model S, кој ја промени траекторијата на автомобилската индустрија.

Третото место е за микро-компјутерот Raspberry Pi, по што следуваат Google Chromcast и DJI Phantom дронот.

На списокот се наоѓаат и Apple Watch, Apple AirPods, Nintendo Switch и Xbox.

Извор: Time Magazine