Неотпакувана копија на видео-играта Super Mario Bros. 2 од 1988 година, се продаде по висока цена на аукција – 88.550 долари.
Аукциската куќа Harritt Group истакна дека играта, што е во речиси совршена состојба, била најдена зафрлена во остава во Индијана, САД.
Серијата игри Super Mario првпат беше објавена во 1985 година, а во претходните неколку години достигнуваше рекордни цени на различни аукции.
Во текот на јули оваа година, Super Mario 64 беше продадена за повеќе од 1,5 милиони долари, што е највисоката сума платена за игра. Пред тоа, во април, за неотпакуван примерок на Super Mario Bros. беа платени околу 660.000 долари.
Покрај играта Super Mario Bros. 2, на истото место беа пронајдени други класици, како што се Super Mario Brothers, Duck Hunt, Qix, па дури и NES конзолата.
Извор: B92.net
Поврзани артикли