Речиси месец и половина Кумбре Виеја не престанува да „грми“ на шпанскиот остров Палма. Вулканот константно исфрла магма од длабочините на Земјата, па таканаречените „лава бомби“ не се невообичаени.

Геохемичарот Хари Гајгер од германскиот универзитет Алберт-Лудвиг моментално ја истражува ерупцијата на Кумбре Виеја на Палма со меѓународен тим научници.

За време на едно од истражувачките патувања во близина на отворот на вулканот, биле изненадени од „лава бомба“ која со голема брзина се тркалала по падината.

Кога таа застана, Гајгер и неговите колеги се приближија до тркалезно парче карпа со дијаметар од околу еден метар. И покрај релативно малите димензии, тежеше околу половина тон.

По поблиска проверка, научниците почувствувале дека карпата зрачи топлина од јадрото, чија температура е повисока од 900 степени Целзиусови.

„Лава бомбите“ се многу опасни, бидејќи како проектили многу лесно можат физички да го уништат предметот на кој паѓаат и да предизвикаат пожар.

На пример, во 2018 година, „лава бомба“ со големина на кошаркарска топка удри во туристички брод кај брегот на Хаваи, при што беа повредени околу дваесет луѓе, а четворица завршија во болница.

Извор: B92.net