Главниот акцент во серијата Xiaomi 12 оваа компанија го стави на фотографските можности, како и моќниот хардвер и издржливите батерии.

Новата серија на водечки паметни телефони на Xiaomi вклучува три модели – Xiaomi 12 Pro, Xiaomi 12 и Xiaomi 12X. Главниот акцент во серијата Xiaomi 12 оваа компанија го стави на фотографските можности, како и моќниот хардвер и издржливите батерии.

Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 се напојуваат со најбрзата и најнапредната мобилна платформа на Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1, која ги зголемува можностите на графичкото рендерирање GPU за 30% и енергетската ефикасност за 25% во споредба со претходната генерација.

Сите три модели доаѓаат со три камери на задната страна на уредот со главна широкоаголна камера од 50MP. Xiaomi 12 Pro може да се пофали со ултра големиот главен сензор Sony IMX707 од 50MP кој е способен да фати големи количини светлина и да обезбеди напредни фотографски способности со побрзо фокусирање и поголема прецизност на боите. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X имаат камера со ултра широк агол од 13MP, заедно со телемакро камера од 5MP.

Што се однесува до третиот најсилен адут од оваа серија, моделот 12 Pro доаѓа со батерија од 4600 mAh со поддршка за HyperCharge полнење од 120 W со што батеријата целосно ќе се наполни за 18 минути во Boost режим. Xiaomi 12 и Xiaomi 12X доаѓаат со батерии од 4500 mAh и поддржуваат жичено турбо полнење од 67 W. Xiaomi 12 Pro и Xiaomi 12 исто така поддржуваат безжично полнење од 50 W и обратно полнење од 10 W.