AMD вредно работи на новата генерација Ryzen 4000 процесори, со кодно име Vermeer. Сега се појавија информации, кои ни ги овозможува Igor’s Lab, дека процесорите AMD Vermeer се многу блиску до објава.

Според наводите, процесорите моментно се во B0 фаза и минуваат низ вообичаениот процес на валидација. B0 е фаза во рамките на која CPU е во целост функционален и следниот чекор е почеток на масовното производство. Се очекува дека процесорот ќе почне да се произведува во поголем обем многу брзо, по што ќе биде подготвен за пазарот.

Обично се потребни околу 3-4 месеци да се произведе нов CPU, што значи доколку AMD веќе ги подготвил нарачките од компанијата TSMC, процесорите можат да се очекуваат наскоро.

Со оглед на актуелната ситуација и недостаток на конкуренција од Intel, AMD е во позиција да ги диктира потребите на пазарот и да ги прилагодува според своите желби. Се сеќаваме дека ова беше позиција на Intel, пред растот на популарноста на Ryzen серијата процесори.