По неколку месеци гласини, Intel конечно ја претстави својата 12-та генерација Intel Core Desktop процесори, со кодно име Alder Lake. Оваа нова генерација процесори ќе ја користи хибридната архитектура на перформанси на Intel и ќе биде изградена на Intel 7 процесот.

Целata serija од 12-та генерација ќе се состои од вкупно 60 процесори, а за почеток, Intel ќе лансира 6 шест нови отклучени десктоп процесори на 4 ноември 2021 година. Овие чипови ќе бидат првите од Intel што ќе ја користат својата хибридна архитектура, која користи комбинација од Performance-core (P-core) и Efficient-core (E-core).

Карактеристика на Core процесорите од 12-та генерација е технологијата Intel Thread Director, која им овозможува на двете нови основни микроархитектури да работат беспрекорно заедно, со насочување на оперативниот систем да ја постави вистинската нишка на вистинското јадро во вистинско време.

Тие се изградени на Intel 7 процесот и ќе поддржуваат голем број претстојни технологии како што се DDR5 меморија до 4800MT/s, технологија PCIe 5.0 до 16 ленти, до 30MB Intel Smart Cache (L3) и 14MB L2 кеш, Wi- Fi 6E и секако Thunderbolt 4. Процесорите од серијата K ќе доаѓаат со интегрирана графика, наречена Intel UHD Graphics 770.

Intel на стартот ќе лансира вкупно 6 процесори, почнувајќи на 4 ноември 2021 година. Тие се движат од Core i5 CPU до Core i9 CPU, а на врвот е Core i9-12900K. Поседува 8 P-јадра со hiperthreading и 8 Е-јадра, а ќе поддржува максимална фреквенција од 5,2 GHz. Подетални информации може да се најдат на порталот Anand Tech.

Шест нови Intel Core процесори за десктоп компјутери од 12-та генерација сега се достапни за претпродажба кај OEM производителите, партнери и трговци на мало. Нивната цена почнува од 264 долари, па се до 589 долари.