Американскиот производител на електрични возила Tesla го прекина тестирањето на подобрената верзија на својот автопилот поради технички проблеми кои се појавија со него, изјави основачот на компанијата, Eлон Маск.

„Забележавме некои проблеми со верзијата 10.3, така што привремено се враќаме на верзијата 10.2“, напиша тој на Твитер.

Маск неодамна изјави дека службата за контрола на квалитетот открила проблеми со брзината на системот при вртење налево. Првата верзија на „Advanced Driver Assistance System“ (АДАС) беше претставена од Tesla во 2014 година, кога беа објавени плановите за највисокото, петто ниво на автоматизација и самоуправување, каде што автомобилот може да вози без возач во сите услови на патот. Оваа технологија е инсталирана само на неколку илјади електрични возила, од кои повеќето се обезбедени за вработените во компанијата.