На големото глобално претставување на Xiaomi кон средината на септември, меѓу многуте други уреди, компанијата го најави и Mi Smart Band 6 NFC за европскиот пазар. Верзијата Band 6 која нема NFC е достапна од март, но компанијата вети и поддршка за плаќање на рачниот зглоб, која донесува партнерство со Mastercard.

Од денеска, Mi Smart Band 6 NFC конечно е достапен во Европа – но не на целиот континент,  туку само во една земја: Италија! Можете да се купи во италијанската онлајн продавница на Xiaomi или Amazon Italy по препорачана малопродажна цена од 54,99 евра.

Многу банки се уште не се поддржани, но веруваме дека со тек на време ќе бидат уфрлени. Оваа верзија на Band 6 нараквицата има и микрофон и поддршка за Alexa – можете да разговарате со асистентот, но тој нема да одговори. Сепак, на екранот ќе биде прикажано се што ви е потребно.

Претпоставуваме дека фактот дека Band 6 со можност за NFC е достапен само на еден европски пазар досега, има врска со поттикнувањето на банките да го поддржат платниот систем, што веројатно ќе биде здодевен процес од земја до земја. Како таков, се очекува дека ширењето на овој уред низ континентот да биде бавно, пишува webnews.it.