Google Maps е многу корисна апликација, но собира и голем број лични податоци. Имаме неколку предлози како да се заштитите.

Апликацијата ги следи локациите по пат на GPS. Од Google ги користат тие податоци за да го следат вашето движење и активности и со помош на овие податоци да ги подобрат нивните системи.

Како да ја намалите количината на податоци кои Google ги собира за вас?

Избришете некои патувања или денови користејќи го Your Timeline

Најбезбедниот начин како да ги сокриете трагите е со бришење на временската линија(timeline) во апликацијата Google Maps, целосно или делумно. Тука се покажуваат локациите коишто сте ги посетиле во различни моменти.

Исклучете ја опцијата Location History

Апликацијата има вклучено следење на историјата на локации. Ги споделува вашите податоци со другите апликации на Google за да можат да ви прикажуваат реклами и други содржини. Доколку не го сакате тоа, може да го исклучите како и автоматски да ги избришете вашите податоци за локацијата на секои 3, 18 или 36 месеци. Кликнете на вашата профилна фотографија и одете во Settings. Во полето за избор изберете Google Location Settings. Најдете ја опцијата Google Location History и кликнете. Ако имате повеќе профили на Google, изберете го оној на кој сакате да направите промени. Потоа ќе се појави опција за бирање на историја на локација. Тука изберете Turn off your location history.

Како некој е приклучен анонимно, Google не ги бележи вашите активности и не ја следи локацијата.