Шесте модели кои се претставени се Nokia X20, X10, G20, G10, C20 и C10

Финскиот бренд за мобилни уреди HMD Global претстави шест нови Nokia телефони во три различни линии во Европа, со што ја надгради линијата на аудио додатоци и ги поттикнува потрошувачите подолго да го користат своите смартфони.

На онлајн настанот, компанијата објави шест нови паметни телефони, а тие се поделени во три различни серии: X серија – што е врвот на изборот според цената и спецификациите; G серија – малку подостапна од X; и C серијата која е најевтина за купувачите. Цените на Nokia C10 започнуваат од 75 евра, додека Nokia X20 е 349 евра, или околу 415 долари.

Финскиот стартап HMD Global ја има лиценцата за дизајнирање и продажба на Nokia телефони, откако го купи мобилниот оддел на Microsoft во 2016 година. Компанијата оттогаш издаде неколку паметни телефони и „глупави телефони“ – вклучувајќи ги и ажурираните верзии на носталгичните уреди како што се 8110 банана телефонот и 2720 флип уредот.

Во нов обид да ги достигне Apple и Samsung, Nokia издаде дури шест уреди во три категории, а најдобри спецификации меѓу нив поседува уредот X20. Овој смартфон има екран од 6,67 инчи, четири камери на задната страна со главна леќа од 64 мегапиксели и можност за поврзување со супербрз 5G интернет.

X20 и поевтиниот X10 модел, по цена од 309 евра ги покренува Snapdragon 480 5G чипсетот на Qualcomm, работат на Android оперативниот систем и доаѓаат со тригодишно безбедносно ажурирање, како и тригодишна гаранција – една година подолга од G и C сериите. X20 ја има и функцијата на „двоен поглед“, што овозможува истовремено да се користитат двете камери за снимање на различни агли од снимката.

G20 доаѓа со 6,5 инчен екран со 720p резолуција, а работи на MediaTek G35 чип, со 4GB RAM и 128GB простор за складирање. Батеријата е со капацитет 5.050 mAh, а на задната страна има четири камери со 48, 5, 2 и 2 мегапиксели. G10 го има истиот екран и капацитет на батеријата, но има послаб MediaTek G25 процесор.

Најевтината C серија ја сочинуваат C20 и C10. Двата модела имаат екрани со 6,5 инчи и 720p резолуција, работат на Unisoc чипови и имаат 1 и 2GBRAM, како и 16 и 32GB простор за складирање на податоци. Батеријата е со капацитет од 3.000 mAh кај двата модели, а имаат и по една камера на задната страна со 5 мегапиксели и 5MP селфи камера.