Редизајнираните MacBook Pro модели имаат Mini LED екрани од 14 и 16 инчи со ProMotion технологија од 120Hz, а лаптопите ги покренуваат новите моќни чипсети на компанијата – M1 Pro и M1 Max.

Apple во рамките на својата Unleashed презентација објави два нови MacBook Pro лаптопи – моделите од 14 и 16 инчи. MacBook Pro од 14 инчи е целосно редизајниран, a благодaрeние на засекот во екранот, рамките се во голема мерка намалeни. Дебелината на рамките околу дисплејот изнесува 3,5 милиметри, што е за 24 проценти помалку од порано, додека горната рамка е потенка за 60 проценти. Менито за macOS сега се шири околу засекот за камерата, а се изгледа подобро кога е вклучен темниот режим, бидејќи засекот е помалку воочлив.

Подобрена е и камерата во засекот, која сега нуди 1080p резолуција, има поширок отвор на блендата и поголем сензор за фотографирање кој би требало да нуди подобри перформанси во услови на послабо осветлување. ProMotion Mini LED дисплејот од 14,2-инчи има 120Hz стапка на освежување со HDR поддршка, а го користи Liquid Retina Pro XDR брендирањето на Apple. Резолуцијата на екранот изнесува 3024×1964 пиксели, а има 1000-1600 нита осветлување.

Apple во 14-инчниот MacBook Pro додаде и слот за SD картички, HDMI порт и уште некои хардверски подобрувања. Меѓу нив е и новиот M1 Pro чипсет, кој го покренува лаптопот. M1 Pro е 10-јадрен процесор, со осум јадра за перформанси и две ефикасни јадра. Лаптопот е можно да се конфигурира и со M1 Max чип, кој исто така е десетјадрен. M1 Pro може да има графика со 14 или 16 јадра, додека Max има GPU со 24 или 32 јадра.

Новиот MacBook Pro има и 16GB RAM како стандард, а можна е надградба на 32GB со M1 Pro или 64GB со M1 Max. Почетната цена на 14-инчниот MacBook Pro модел изнесува 1999 долари.

Покрај новиот 14-инчен лаптоп, Apple претстави и 16-инчен модел. Лаптопот може да се конфигурира со M1 Pro или M1 Max чипсет. MacBook Pro од 16 инчи ќе биде достапен во сребрена и сива боја, по почетна цена од 2499 долари.

MacBook Pro од 16 инчи доби и модерен редизајн. Дисплејот има големина од 16,2 инчи, а Touch Bar делот е заменет со физички копчиња. Од десната страна се наоѓа HDMI порт, а тука се и Thunderbolt 4 порт и SD слот, додека од левата страна се наоѓаат приклучокот за слушалки и уште два Thunderbolt 4 порта.

Новата 1080p камера е сместена во засекот во дисплејот, а Apple истакнува дека нуди двојно подобри перформанси во услови на слабо осветлување во однос на камерите на претходните MacBook Pro модели. Присутен е и систем за звук со шест звулници, кој поддржува Spatial Audio.