Тројца кинески астронаути пристигнаа во вселенската станица каде треба да престојуваат рекордни шест месеци, објави државната телевизија CCTV.

Вселенското летало Шенжоу-13 со тројца членови на екипажот полета од пустината Гоби, а неколку часа подоцна астронаутите слетаа на вселенската станица.

Кинеската вселенска агенција објави дека лансирањето е успешно и дека астронаутите се добро.

Тричлен тим, една жена и двајца мажи, ќе имаат три прошетки во вселената за да инсталираат опрема како дел од подготовките за проширување на станицата.

Кина планира да испрати повеќе екипажи до станицата во следните две години за да биде целосно функционална.