Huawei Nova 9 и Nova 8i се најавени за пазарот во Европа, а Nova 8i е претходно забележан на листинг во Германија. Сега се појави и листинг за Nova 9 моделот.

Amazon го наведува Huawei Nova 9, а телефонот се очекува во Европа од 21. октомври. На Amazon, верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за складирање ќе се продава по цена од 499 евра.

Претходните гласини сугерираа дека овој модел би можел да има цена од 550 евра, но ова би можело да буде поради локалните ралики во цените, што е чест случај за европскиот пазар.

Huawei Nova 9 ќе има 6.57-инчен 120Hz OLED дисплеј, Snapdragon 778G чипсет, Huawei HarmonyOS 2.0 софтвер, четири камери на задната страна (50MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро, 2MP сензор за длабочина), 32MP селфи камера и 4300mAh батерија со поддршка за  66W брзо полнење