Кога се во прашање претстојните Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro телефони, неколку работи се сигурни – дизајнот, Tensor чипот создаден во соработка со Samsung и главната камера од 50MP.

Сега на Geekbench се појави листа на телефони, што ни дава подобар увид во можностите на чипсетот Tensor. Резултатите за едно или повеќе јадра не се импресивни, но причината за ова е веројатно дека се работи за пред-продукциски модел и перформансите ќе бидат поинакви по објавата на телефонот.

Кога станува збор за конфигурацијата на процесорот, листингот за Pixel 6 Pro покажува три групи јадра: две големи јадра со брзина од 2.80GHz, две јадра @ 2.25GHz и четири ефикасни јадра од 1.80Ghz.

Малку е веројатно дека ќе видиме две Cortex-X1 јадра на истиот чип, така што најверојатно имаме систем со два пара Cortex-A78 јадра и четири Cortex-A55 јадра.

Во областа на графичкиот процесор го имаме Mali-G78, и тоа е истиот графички процесор кој го користи годинашниот Exynos 2100. Претходните гласини сугерираа дека Samsung ќе обезбеди mmWave 5G модем за Pixel 6 линијата.

На крајот, Geekbench открива поддршка за 12GB RAM на тестираните модели, што ги потврдува претходните извештаи.