Компанијата Apple одлучи да им понуди на купувачите во своите продавници обновени Mac Pro компјутери, и тоа од нивната најскапа серија, од 2019. година. Засега понудата звучи одлично, ако се земе во предвид колку пари е потребно да се издвои за да поседувате еден од овие компјутери.

Apple се одлучи на купувачите да им понуди обновени Mac Pro компјутери по пониски цени од оние што треба да се платат ако сакате нов компјутер. Така, за основната конфигурација ќе морате да платите 5999 долари, додека обновениот уред можете да го купите за 5349 долари. Тоа практично значи заштеда од околу 15 проценти. Кога е во прашање нивниот најскап модел, можете да го набавите за 22.439 долари, што е 4000 долари во однос на новиот модел.

Што се однесува до „реновирањето“ на овие компјутери, Apple ја објави и својата програма на обнова, како и спецификациите на компјутерите. Тоа се целосно функционално тестирање, замена на делови и темелно чистење. Исто така, тука е и едногодишната ганарција. Оние кои се запознаени со вредноста на овие компјутери, како и нивниот пазар, целосно се свесни дека подобро од ова не можело да биде.