Во текот на својот Foundry Forum настан, Samsung објави повеќе информации за тоа што може да се очекува од погоните на компанијата за производство на чипови во иднина.
Samsung е подготвен за почетокот на производството на 3nm чипови во текот на првата половина на 2022. година, додека вторрата генерација на 3nm чипови ќе пристигне во 2023. година. Исто така, компанијата истакна дека масовното производство во 2nm процеа ќе почне во текот на 2025. година.
Претстојните производни процеси на Samsung ќе ги користат предностите на GAA технологијата на компанијата и Multi-Bridge-Channel FET. Првиот производен процес кој ќе ги користи овие технологии ќе биде Samsung 3nm нод од првата генерација, кој ќе овозможи 35 проценти зголемување во големината, 30% повисоки перформанси и 50 проценти пониска потрошувачка во однос на 5nm нод.
Јужнокорејската компанија истакна и дека ќе продолжи да инвестира во FinFET процес. Иако 14nm FinFET процес е стар веќе неколку години, Samsung се уште го подобрува, а додава поддршка за 3.3V и вграден MRAM флеш.
Поврзани артикли