Пораките кои самите се бришат претставуваат одлична опција која ја штити приватноста, доколку сакате да имате разговори кои не се снимаат или не се зачувани во чет историјата. Viber нуди пораки што исчезнуваат / сами се бришат за своите индивидуални разговори, а сега функцијата пристигнува и за групни разговори.

Viber објави дека во групните разговори ќе имплементира пораки кои самите се бришат. Според наводите: „Кога станува збор за поставување пораки што се бришат во групен чет, корисниците нема да мора да го поминат процесот во повеќе чекори за да го променат статусот на пораките во групата. Функцијата на Viber им овозможува на членовите лесно да ја вклучуваат и исклучуваат опцијата во рамките на разговорот“.

Компанијата истакнува дека корисниците на Viber можат да го постават бришењето на пораки во разговорите по 10 секунди, една минута, еден час или еден ден откако ќе бидат прочитани.

Оние кои се загрижени дека другите би можеле да направат скриншот од испратените пораки, не мора да се грижат бидејќи апликацијата Viber има вградена заштита што ги спречува таквите акции. Функцијата за бришење пораки во групните разговори би требало веќе да се испорачува во најновото ажурирање.