На листата на премиум телефони за месец септември доминираат уреди со познат чипсет, додека познат модел е на врвот втор месец по ред.

AnTuTu, популарната страница за бенчмаркинг, објави листа на најсилните телефони од екосистемот Андроид, кои постигнале најдобри резултати при тестирањето во текот на септември.

Без премногу изненадување, на листата доминира OnePlus Ace 2 Pro втор месец по ред. Овој телефон ја носи титулата најмоќен, односно најбрз, со над 1,66 милиони поени, сето тоа благодарение на чипсетот Snapdragon 8 Gen 2 што го напојува и 24 GB RAM и 1 TB простор за складирање податоци.

На второ место е iQOOO 11S со 1.645.443 поени, додека трет е RedMagic 8S Pro. Првиот телефон пристигнува со 16 GB RAM и 1 TB простор, додека вториот е комбинација од 12 GB + 256 GB.

Инаку, на листата доминираат телефони придвижувани од споменатиот процесор Snapdragon 8 Gen 2, па овој моќен чипсет е во првите девет телефони на листата на AnTuTu од септември. Само телефонот од 10-тата позиција (iQOOO Neo 8 Pro) користи чип MediaTek Dimensity 9200+.

Комплетната листа на најсилни Android телефони од септември се состои од следниве модели:

1. OnePlus Ace 2 Pro
2. iQOOO 11S
3. RedMagic 8S Pro
4. iQOO 11 Pro
5. Vivo X90 Pro+
6. Realme GT8
7. Oppo Find X6 Pro
8. OnePlus 11
9. Xiaomi 13 Ultra
10. iQOOO Neo 8 Pro