Според новото истражување на SensorTower, доколку ги занемариме игрите кои корисниците најчесто ги преземале во текот на август, TikTok е водечка апликација според бројот на преземања на глобално ниво.

TikTok е најчесто преземаната апликација и во Google Play Storeu и во AppStore продавницата на Apple.

Вкупниот број на инсталации за август изнесувал 63,3 милиони, што е раст од 1,6 проценти на годишно ниво. На второто место според бројот на преземања се наоѓа често споменувата апликација Zoom, која бележи повеќе од 52,2 милиони преземања, а на третата позиција се наоѓа Facebook.