Претходно овој месец се појавија информации дека Poco go подготвува телефон M4 Pro 5G телефонот, кој ќе го наследи M3 Pro 5G моделот од мај. Во тоа време не беше познато точното име на телефонот, но уредот се најде на неколку листинзи за сертификација.

Според најновите гласини, Poco M4 Pro 5G ќе биде официјално претставен на меѓународните пазари или кон крајот на октомври или почетокот на ноември.

Смартфонот се очекува да има MediaTek Dimensity чипсет и ќе поддржува 33W брзо полнење (значајно зголемување во однос на 18W во претходниот).

Се верува дека ќе имаме повеќе информации во наредниот период, вклучувајќи ги и официјалните тизери за Poco M4 Pro 5G моделот.