Раните гласини кои се однесуваат на Redmi Note 11 серијата, укажуваат на тоа дека премиум Pro или Pro Max моделите би можеле да имаат поддршка за 120W брзо полнење на батеријата.

Информацијата ја објави доверливиот дојавувач Digital Chat Station, и ова се првите информации кога е во прашање Redmi Note 11 серијата.

Тоа би претставувало огромен скок во однос на актуелните Note 10 Pro и Pro Max модели кои имаат поддршка за 33W полнење, па дури и во однос на Redmi Note 10 Pro кој има 67W брзини на полнење.

Единствените Xiaomi телефони на пазарот, кои поддржуваат 120W полнење на батеријата се 11T Pro и Mix 4. Остатокот од спецификациите на Redmi Note 11 Pro и останатите модели од серијата не е познат, но повеќе информации се очекуваат наскоро.