Додека нестрпливо се чека 11. август и Unpacked настанот на Samsung на кој ќе бидат претставени новите Galaxy уреди, познатиот дојавувач од Twitter, Еван Блас откри колку ќе чинат во Европа.

Основниот Galaxy Z Fold 3 со 256 GB интерна меморија ќе чини 1899 евра, додека за верзијата со 512GB меморија ќе биде потребно да се издвојат 1999 евра.

Кога станува збор за моделот Z Flip 3 со 128GB меморија, неговата цена ќе изнесува 1099 евра, а на моделот со 256GB простор 1149 евра. Познато е дека овој уред ќе биде достапен во виолетова, жолта, зелена и црна боја.

Блас ги објави и цените за Galaxy Watch 4 Classic во две големини, 40 и 44 мм, а ќе чинат 379 и 409 евра.

Galaxy Buds 2 слушалките ќе можат да се купат за 159 евра.