Своите најнови уреди Google најверојатно ќе ги претстави на Google I/O конференцијата која ќе се одржи во мај.

Гласините за паметниот часовник на Google кружат на интернет со години. Минатата година „извори запознаени со ситуацијата во компанијата“ објавија дека Google може да се откаже од развој на ваков уред, а набрзо потоа на технолошките медиуми се прошири веста дека оваа година ќе го објави толку споменуваниот Pixel Watch.

Оваа недела се појавија нови докази дека Google наскоро би можел да го претстави не само својот прв модел на паметен часовник, туку и нов модел на смартфон – Pixel 6a. Имено, во базата на податоци на еден американски мобилен оператор беше објавена информација за два претстојни уреди наречени „rohan“ и „bluejay“, кои се кодни имиња за Pixel Watch и Pixel 6a.

Оваа информација не открива премногу за хардверот на уредот и нивните опции, но откривме некои детали.

Pixel Watch би требало да биде достапен во три бои (сива, црна и златна) и ќе има 32GB простор за складирање, што е двојно повеќе од Galaxy Watch 4, часовникот на Samsung кој работи со истиот Wear OS. Што се однесува до смартфонот, Pixel 6a ќе се појави во три бои (црна, бела и зелена) и со простор за складирање од 128 GB.

Веб-страницата Android Authority објави дека новиот смартфон и телефонот веројатно би требало да бидат лансирани во исто време, што би можело да биде за околу два месеци. Имено, Google редовно одржува голема Google I/O конференција во мај на која презентираат различни новитети, а оваа година би можеле да вклучуваат паметен часовник, паметен телефон и информации за новата верзија на мобилниот оперативен систем Android.