По објавата во LG W10 и W30 моделите од долниот сегмент во јуни минатата година, LG сега се подготвува да претставу уште еден теелфон од W-серијата.

Уредот наречен LG W20 е забележан во Google Play конзолата, што укажува на тоа дека наскоро ќе биде објавен. Судејќи според ознаката, се очекува дека смартфонот ќе биде уште еден модел од ниска класа, а кој според спецификациите би требало да се најде помеѓу LG W10 и LG W30 моделите.

Кога е во прашање дизајнот, се очекува дека LG W20 ќе има засек во облик на капка и поголеми рамки околу екранот. Иако не е истакната големината на екранот, листингот открива дека екранот ќе има HD+ резолуција.

LG W20 ќе го покренува осмојадрениот Unisoc Spreadtrum SC9863A чипсет и PowerVR GE8322 GPU (истиот чип е присутен и кај Alcatel 1s и ZTE Blade A5 2019 моделите). Телефонот ќе поседува и 3GB RAM и Android Pie OS. Очекуваната цена на уредот е околу 130 долари.