Со освежениот iPad Pro модел на почетокот на оваа година, Apple имплементираше Mini LED во својата iPad линија. Сепак, можно е оваа технологија да биде само преодна карактеристика, а крајните намери на Apple e да се префрли на OLED екрани за своите таблет уреди. Сега The Elec известува дека OLED iPad може да се појави во следните 2-3 години.

Извештајот тврди дека LG наводно почнал со развој на OLED панели за 12,9-инчниот iPad Pro и дека тие панели би можеле да бидат подготвени за таблет уредите од 2023 или 2024 година. Ова значи дека во текот на следната година или две, Apple би можел да продолжи да користи Mini LED дисплеи.

Ова не е првпат да слушнеме дека Apple е заинтересиран за имплементација на OLED во iPad серијата. Неодамна се појавија извештаи дека Apple наводно ги отфрлил плановите за објава на OLED iPad Air моделот во 2022 година, кој компанијата го развиваше со Samsung.

Од друга страна, до евентуалната објава на 12,9-инчниот iPad Pro со OLED екран има уште една или две години, така што во меѓувреме ситуацијата би можела да се промени.