Првиот флексибилен телефон на Xiaomi, Mi Mix Fold беше објавен на кинескиот пазар во април, но остана ексклузивен на тој пазар. Иако нема вести за глобална објава на телефонот, се појавија гласини кои тврдат дека Xiaomi подготвува ажурирана верзија на оригиналниот Mix Fold уред.

Се сугерира дека ова нема да биде Mix Fold 2, бидејќи практично се работи за ист уред како и првиот модел, но со неколку промени. Една од овие промени се однесува на екранот и неговата стапка на освежување. Подобрената верзија на телефонот ќе има освежување од 90Hz за внатрешниот екран и 120Hz за надворешниот екран (во споредба со 60/90 Hz кај оригиналниот модел).

Покрај тоа, камерата ќе се имплементира под екранот, иако дојавувачот не спомена под кој екран. Претпоставка е дека камерата ќе се наоѓа под внатрешниот, флексибилен екран. Оригиналниот Mix Fold воопшто немаше селфи камера.

Се истакнува и дека Mix Fold ќе добие поддршка за 120W брзо полнење (во споредба со 67W на оригиналниот телефон), за својата 5000mAh батерија.