Apple ја отстрани лажната апликација Threads од App Store во Европа, која беше на врвот на листата на најсимнувани апликации и ја суспендираше сметката на развивачот на апликации SocialKit LTD.

Сите апликации од развивачот SocialKit LTD исто така се отстранети. Меѓу нив беа апликациите ChatGP, SelfMe: Selfie AI Face Editor, Remove Background Eraser и други.

Апликацијата ја забележал истражувачот Мајск, кој на Твитер ја споделил веста за отстранувањето на лажната апликација.

Threads имаше повеќе од 100 милиони преземања откако Мета ја објави апликацијата минатата недела. Сепак, Meta Threads не е достапен во Европската унија, 27 земји членки со 448 милиони луѓе, поради строгите закони за приватност на ЕУ.

Лажната апликација Threads доминираше во продавниците за апликации во голем број европски земји. Во Германија, Холандија и Швајцарија апликацијата го зазеде првото место.

Во моментов, оригиналната апликација Threads е на второ место меѓу најдобрите бесплатни апликации во САД.

Сајбер-криминалците се обидуваат да профитираат од големиот интерес за новата апликација, така што за само еден ден оваа недела се појавија повеќе од 700 лажни сајтови кои сајбер-криминалците може да ги користат за да ги измамат корисниците, да дистрибуираат малициозен софтвер и да ги намамат невнимателните да преземаат лажни копии од новата апликација на Мета.

Затоа, корисниците треба да бидат внимателни и да ја преземаат апликацијата само од доверливи извори.