Apple неодамна ја претстави iPhone 13 серијата и од објавата на iPhone 14 не дели околу една година, но веќе се појавуваат гласини за следната генерација на iPhone. Најновите информации сугерираат дека Apple следната година ќе го удвои максималниот простор за складирање на iPhone.

Apple го удвои максималниот простор за складирање за годинашната iPhone линија, а iPhone 13 Pro и Pro Max пристигнуваат со опции од 1TB. Ако изворот на новите гласини е во право, iPhone 14 линијата ќе има до 2TB QLC простор за складирање.

Изворот не спомена конкретни модели, но ако Apple понуди 2TB меморија, најверојатно тоа ќе биде за Pro и Pro Max варијантите, додека за другите модели се очекува капацитетот да се зголеми од 512GB на 1TB.

Не е познато зошто Apple одлучи повторно да го зголеми максималниот простор за складирање (ако гласините се покажат како вистинити). Со оглед дека ова е непотврдена информација, неопходно е да се земе со доза на резерва.