Microsoft беше сериозен кога објави дека сака повеќе надворешни продавници за апликации на Windows 11 порталот. Новата политика за приватност на Microsoft Store сега овозможува апликации од екстерни продавници.
Appstore на Amazon не е единствениот партнер во овој потфат – Epic Games Store, исто така, простигнува во Microsoft Store во претстојните месеци. Како што вети, Microsoft нема да бара дел од приходите од овие продавници.
Компанијата ги олесни условите и за ривалските интернет прелистувачи. Opera и Yandex Browser пристигнуваат во Microsoft Store за да понудат алтернатива на Edge.
Засега нема информации дали Steam, GOG и другите познати гејминг продавници ќе пристигнат во Windows Store.