Huawei Mate X телефоните се флексибилни уреди со вертикална шарка, но компанијата сега планира да го и претстави Mate V моделот, кој ќе се свиткува хоризонтално. Извештаите од Кина тврдат дека новиот телефон ќе биде преклопен модел, со флексибилен екран, сличен на Moto Razr и Galaxy Z Flip смартфоните.

Според извештаите, Huawei Mate V ќе го покренува Kirin 9000 чипсет. Се работи за најновиот и најмоќен чипсет од HiSilicon, дивизијата за производство на чипови на Huawei.

Се уште не е познато кои мобилни мрежи ќе ги поддржува телефонот, со оглед на тоа што Mate X2 (на сликата) во моментов е достапен и во само LTE и во 5G варијанта.

Huawei може да го навести преклопниот Mate V телефон во текот на својот настан на 21 октомври. Објавата на овој телефон би претставувала изненадување, со оглед на тоа што преклопниот модел на Huawei првпат се најде меѓу гласините.