Европската вселенска агенција (ESA) се подготвува да ја лансира роботската рака која на Меѓународната вселенска станица треба да пристигне после низа одложувања кои траат веќе две децении.

Европската роботска рака (ЕРА) ќе биде лансирана на Меѓународната вселенска станица (ISS) на 15 јули, а нејзиното пристигнување се очекува на 23 јули. Ова ќе се случи по 20 години одложувања предизвикани од технички проблеми.

Тоа е всушност робот кој ќе шета надвор од рускиот сегмент на ISS, а лансирањето ќе се изврши со помош на руската ракета Протон, која исто така ќе носи руски повеќенаменски лабораториски модул наречен Наука.

Роботската рака е долга 11 метри и има можност да се закотви надвор од ISS и да се движи помеѓу фиксни точки.

ЕРА исто така ќе им помага на астронаутите за време на вселенските прошетки, а исто така може да помогне при инсталирање и замена на елементи од надворешната страна на Станицата. Раката има седум зглобови и ќе може да носи товар тежок неколку тони. Подвижната рака ќе ја намали потребата за прошетки во вселената, но исто така ќе превезува астронаути како кран кога е потребно.

Со роботот ќе можат да управуваат астронаути од внатре и надвор од МВС, а исто така може да се репрограмира за одредени функции. Воедно, содржи инфрацрвени камери кои можат да помогнат во проверка на Станицата однадвор.

Развојот на роботот во голема мерка беше финансиран од холандската Влада и направен од конзорциум на европски компании, вклучувајќи ги Airbus Defence, Space Netherlands и ESA.

Извор: Klix.ba