Honor во август го претстави V7 Pro таблет уредот, а сега е време да објави и стандардна верзија на таблетот. Новиот уред ќе биде претставен на 26 септември. Покрај послабите спецификации, Tablet V7 ќе има поинаков изглед во споредба со Pro моделот.
Honor Tablet V7 (веројатно Pad V7 надвор од Кина) ќе има копчиња за вклучување и јачина на звук во горниот лев агол, додека страниците се малку заоблени и не се рамни. Ова сугерира дека нема да биде можно да се закачи Magic Pencil 2 на подолгата страна преку магнет, што сугерира дека функциите на V7 моделот ќе бидат ограничени во споредба со Pro варијантата.
Кога станува збор за спецификациите, не се знае многу. Можеби Honor ќе го имплементира Mediatek Dimensity 1300T чипсетот во V7 таблетот. Останува прашањето дали таблетот ќе има поддршка за Google Services, но за тоа ќе знаеме повеќе кога V7 Pro ќе биде објавен глобално.