Кинескиот производител на паметни телефони, Doogee има намера следната година да издаде нов паметен телефон со тенка рамка, која ќе се вика Mix 3. Уредот ќе биде опремен со новиот  флексибилен AMOLED-дисплеј . Според достапните информации, задниот дел на уредот ќе биде направен од посебен материјал, така што може да се превиткува вертикално. Исто така, флексибилниот екран во Doogee Mix 3 ќе има голем број на предности, вклучувајќи поголем контраст, широк спектар на бои, агол на гледање и мала дебелина. Тоа ќе го зголеми квалитетот на сликата и читливоста, особено на улица или при флуоресцентно осветлување во канцеларијата. Исто така овој екран има ниска потрошувачка на енергија и мала тежина. Флексибилноста обезбедува поголема сила и “издржливост”, но и одлично користење со само една рака.

Doogee Mix 3, исто така, ќе има 3D функција за скенирање на лице, како и во моделот Mix 2, која се користи за брзо отклучување на уредот. Новиот паметен телефон на Doogee ќе биде опремен со двојна главна, предна камера, а еден од предните модули ќе добие широкоаголен објектив со агол на гледање од 130 степени. RAM меморијата ќе се зголеми на 8 GB, со простор за складирање на информации од 128 GB.

Според достапните податоци, Doogee Mix од третата генерација ќе чини најмалку 200 долари.