Иако Google веќе ги прикажа своите претстојни премиум смартфони, немавме прилика да ги видиме во живо. Сега на Twitter се појави видео кое го прикажува Google Pixel 6 Pro прототипот во рака.

Во прашање е верзија на телефонот која дефинитивно не е наменета на пазарот, но изгледа дека се работи за прототип од крајните стадиуми на развој и може да биде добар показател за она она што не очекува кога уредот ќе биде официјализиран.

Краткото видео покажува дека почетниот екран за Android 12 ќе се прикажува кога уредот прв пат ќе се подеси. Почетниот екран е во темен режим, што е интересна карактеристика, бидејќи обично добиваме вакви прикази при вообичаениот светол режим на екранот.

Видеото не нуди други детали за Pixel 6 Pro, чија објава треба да се случи на 19. октомври, заедно со стандардниот Pixel 6 модел.