Microsoft го објави оригиналниот Xbox на 15 ноември, 2001 година. Дваесет години подоцна, компанијата планира да го прослави 20. роденден на својот прв домашен систем со објава на неколку периферни уреди, вклучувајќи и проѕирен контролер за Xbox Series X/S.

Според наводите на Microsoft, проѕирниот дизајн е референца за проѕирните контролери што компанијата ги испорача со оригиналниот Xbox debug пакет. Мајкрософт ги направи внатрешните компоненти сребрени за да може полесно да бидат забележани. Познатата зелена боја на брендот се користи за нагласените детали, вклучувајќи ја и задната страна на рачките. Контролерот функционално останува ист како и секој друг Xbox Wireless контролер  што Microsoft го има во понудата. Тука е и Bluetooth за спарување со компјутер и мобилен телефон, поддршка за мапирање на копчиња и подобар d-pad од оној на контролорите од претходните Xbox генерации.

Xbox 20th Anniversary Special Edition е достапен во претпродажба преку Microsoft Store. Од 15 ноември, ќе биде достапен во слободна продажба.

Microsoft, исто така, планира да ги објави и 20th Anniversary Special Edition Stereo Headset, слушалки што ќе се продаваат по цена од 70 долари.