Сајтот 91Mobiles и Steve Hemmerstoffer ни овозможија подобар увид во претстојниот Realme Tab уред, пред неколку CAD рендери со висок квалитет. Фотографиите ја прикажуваат предната и задната страна на таблетот.

Realme Tab има димензии од 246,1 x 155,8 милиметри, а го краси тенок профил од само 6,8 милиметри. Покрај тоа, уредот има рамни рабови.

Околу 10,4-инчниот дисплеј се наоѓаат рамки со иста дебелина, додека во подолгата страна е сместена предната камера за која не е позната резолуцијата. Таблетот пристигнува во сиво-црна варијанта, што му дава елегантен изглед.

На задната страна, сместена во горниот лев агол, се ноаѓа една камера. Тука е и
Realme логото, кое се наоѓа во долниот лев агол на таблетот.

Според наводите на 91Mobiles, Realme Tab ќе се испорачува со пенкалце, кое може да се смести покрај десниот таб на таблетот. Засега нема информации за тоа кога Realme Pad ќе биде официјализиран, а гласините споменуваат период помеѓу актуелното тримесечје и октомври.