Huawei вчера одржа голем настан, во текот на кој компанијата го претстави Harmony OS (2.0) и прикажа неколку таблет уреди, нов паметен часовник и гејминг монитори. Кинеската компанија ја искористи приликата да прикаже и промо видео за Huawei P50 серијата телефони.

Промо тизерот прикажува систем со четири камери на Huawei P50 Pro моделот, а завршува со широк поглед на телефонот на хоризонтот со заоѓање на сонцето.

Huawei истакнува дека P50 серијата има убав, тенок и лесен дизајн, и дека моделите од оваа серија ја подигнува летвичката на ново ниво, кога е во прашање фотографирањето преку телефон. За жал, не дознавме кога P50 серијата ќе биде официјално претставена.

Huawei P50 серијата ќе има 1-инчен сензор за камерата – Sony IMX800. Тизер видеото сугерира дека камерите ќе бидат поддржани со 5x перископ зумирање од 18 мм до 125 мм.