Корисната функција која неодамна е воведена за Android 11, а која ја штити приватноста на корисниците, сега пристигнува и на постарите модели.

Софтверските инженери на Google, Петер Висонтај и Беси Јианг истакнаа дека дека се работи за функција за автоматско поништување на дозволите на доделените апликациите, која ќе биде достапна за сите уреди, од Android 6.0 до понови. Функцијата се очекува во текот на декември, а промената може да влијае на дури две милијарди уреди ширум светот. Само една четвртина од трите милијарди активни уреди со Android во светот користат Android 11 и понов, додека релативно мал број користат Android 6 и постари оперативни системи.

„Android 11 има функција за автоматско поништување. Оваа функција помага да се заштити приватноста на корисниците со автоматско одземање на дозволите за активност на апликациите ако не се користат неколку месеци”, велат инженерите.

Некои дозволи можат да предизвикаат загриженост за безбедноста, посебно ако биле дадени порано, а потоа заборавени. Пример е дозволата за „читање“ телефонски броеви, СМС пораки, снимање звук, пристап до податоци за локација или пристап до камерата.

Некои апликации ќе бидат исклучок, вклучително и фабрички апликации или апликации што работат исклучиво во позадина, како што се апликации за сигурност на децата.

Оние кои сакаат уште поголема приватност, постои и опцијата Hibernation, која покрај одземањето дозволи, ја прекинува и работата на апликацијата и ја враќа меморијата и ресурсите за складирање. Апликациите во хибернација не можат да испраќаат известувања до корисникот или да работат во позадина.