Google конечно може да ги зголеми брзините на полнење со објавата на Pixel 6 Pro моделот. Листингот на тајванскиот NCC сајт за сертификација открива дека теелфонот ќе има 5000mAh батерија.

Останува да се види дали и стандардниот Pixel 6 ќе добие 33W полнење на батеријата. Google веќе потврди дека нема да нуди полнач во пакувањето на новата Pixel 6 серија. Гласините моментно укажуваат на тоа дека Pixel 6 серијата ќе биде објавена на 19. октомври.

Покрај ова, протечениот Android 12.1 build откри детали за друг флексибилен уред на Google, со кодно име “Jumbojack”. Овој телефон и претходно е забележан во Android 12 како тест уред, а се очекува дека ќе овозможи Galaxy Fold систем со два дисплеја – поголем внатрешен и помал панел однадвор.

Ова нема да биде Pixel Passport кој се појави претходно и се очекува во текот на четвртото тримесечје оваа година. Дојавувачот @evleaks сугерира дека Pixel Passport е во развој повеќе од две години и ќе донесе значајни подобрувања.