Компанијата Apple во иднина повеќе нема да произведува iPhone со интерна меморија од 64 GB. На тоа официјално му дојде крајот, откако се појави најновиот iPhone 13.

Новите iPhone 13 и 13 mini го означуваат официјалниот крај на ерата во која можете да купите смартфон од Apple со 64GB простор за складирање. Со доаѓањето на iPhone 13 минималната меморија е дуплирана и сега изнесува 128 GB, но цените останаа исти. Покрај минималните 128GB, купувачите можат да изберат и верзии со меморија од 256 и 512GB, со тоа што iPhone 13 може да понуди до 1TB меморија.

Оваа промена долго се чекаше, а пробчемот се зголемуваше со зголемувањето на поголем дел од апликациите, клипови и игри. Apple нудеше капацитет на меморија од 64GB од 2011 година, кога е воведен со тогаш постоечките верзии од 16 и 32GB меморија. Верзиите со 64GB се задржаа „тврдоглаво“ и покрај воведување на меморија од 128, 256 и 512 GB.