Компанијата Microsoft на 5. октомври ќе лансира нова потрошувачка верзија на својот пакет за продуктивност Office 2021.

Се работи за истиот ден кога официјално пристигнува и оперативниот систем Windows 11. Office 2021 ќе биде достапен за уредите кои го користат Windows, но и macOS.

Office 2021 донесува бројни подобрувања, со нови функции на достапност и поддршка за темен мод. Microsoft вети поддршка во траење од најмалку пет години, а Office без проблеми ќе работи на 32 и 64 битни системи.

Повеќе информации за очекуваат во следните денови, како и на денот на официјалното претставување.