AGON серијата монитори на компанијата AOC доби два нови члена, а во прашање се AG324UX со 4K резолуција и 144Hz освежување, како и AF274FZ со 1080p резолуција и 260Hz стапка на освежување.
AGON AG324UX е посилен од двата модела, а има 31,5-инчен IPS панел со 144Hz освежување и DisplayHDR 400 сертификат. Мониторот го користи тространиот наградуван дизајн на AOC без рамки. Останатите функции вклучуваат HDMI 2.1 порт за поддршка за конзоли од следната генерација, 1ms G2G одзив, поддршка за AMD FreeSync Premium Pro и G-Sync Compatibility.
AGON AG274FZ има IPS панел од 27 инчи, со 1080p резолуција и 240Hz стапка на освежување (со можност за оверклокување до 260Hz преку OSD). Мониторот поддржува DisplayHDR 400 и Adaptive Sync.
Двата AOC AGON монитори ќе се најдат во продажба од овој месец, со цени од 1139 евра за AGON AG324UX модел и 489 evra за AG274FZ.