GoPro ја претстави својата најнова премиум акциона камера, која користи 23.6MP сензор, има нови и подобрени перформанси во услови на слаба осветленост, нуди снимање до 5.3K видео@60fps и ја има најновата HyperSmooth 4.0 стабилизација на видео.

Покрај тоа, Hero10 Black може да снима 4K видео @120fps или 2,7K@240fps. Камерата ја покренува новиот GP2 чип, кој ветува двојно побрз фрејмрејт, со подобрени видео и 3D алгоритми за намалување на шумот.

GoPro Hero10 Black го задржува основниот дизајн што го краси и претходниот Hero9 модел, но малку е полесен и тежи 153 грама. Новиот модел задржува два LCD екранa, а GoPro тврди дека предниот дисплеј има повисок фрејмрејт за да може подобро да се прегледа тоа што се снима.

Hero10 може да се користи за livestream во 1080p резолуција, со помош на HyperSmooth 4.0 видео стабилизацијата. Тука се и HindSight, LiveBurst, Scheduled Capture и Duration Capture режимите. Можно е Hero10 да се користи и како веб камера, со новиот Webcam Mode. Камерата има три микрофони, кои снимаат во стерео и RAW звук. Уредот го напојува  заменливата батерија од 1720mAg, која се полни преку USB-C порт.

GoPro Hero10 Black акциската камера е достапна за продажба по цена од 580 евра.