Microsoft започна да испорачува уште едно ажурирање на Windows 11 до корисниците.

Ажурирањето на Windows 11 2023 (исто така познато како верзија 23H2), кое додава мала функционалност на Copilot и другите апликации базирани на вештачка интелигенција, беше објавено уште во септември.

Токму тоа ажурирање на Windows што го добивме на 26 септември беше всушност преглед на карактеристиките на вештачката интелигенција што беше наменета за минатогодишното ажурирање на Windows 11 22H2. Така, Copilot не беше достапен за голем број корисници.

Сепак, сите оние кои чекаа или сакаа да го пробаат Copilot сега можат да го освежат своето Windows Update и да го инсталираат новото ажурирање Windows 11 2023.

Како дел од ажурирањето на Windows 11 23H2, вградената апликација Chat ќе се трансформира во Microsoft Teams и стандардно ќе се најде во таск барот.

Покрај тоа, корисниците ќе можат да ги најдат компонентите на Windows 11 во рамките на новата „System“ ознака и во „All apps“ делот во Start менито. Тие System Components опции ќе се најдат и во новата страница во Settings апликацијата во делот System.