WhatsApp тестира нова опција која е позната како Yellow Pages („жолти страници“)

WhatsApp објави нова функција која за прв пат им овозможува на корисниците да пребаруваат компании во апликацијата, велат од компанијата.

Тестот во Сао Паоло, Бразил, кој им овозможува на корисниците на WhatsApp да најдат продавници и услуги преку директориум во апликацијата, е најновата карактеристика, дел од обидите на Facebook да ја зајакне онлајн трговијата на своите платформи.

„Ова може да стане … главниот начин на кој луѓето го започнуваат деловниот процес на WhatsApp“, рече Мет Идема, потпретседател за деловни комуникации на Facebook.

За разлика од Facebook и Instagram, WhatsApp не вклучува реклами во својата апликација. Идема тврди дека бизнисите претходно ги промовирале своите броеви на „WhatsApp“ во пакети или веб-страници, или користеле реклами на Facebook за да ги насочат своите корисници да разговараат на услугата.

WhatsApp има сѐ повеќе деловни корисници со специјализирана апликација за мали бизниси и еден вид софтверски интерфејс за поголемите бизниси да ги поврзат своите системи, што генерира приход.