Илон Маск стана најследената личност на Твитер. Тој во моментов има 133,1 милиони следбеници на социјалната мрежа.

Тој го престигна поранешниот американски претседател Барак Обама, кој моментално има 133 милиони следбеници.

Потсетуваме дека во октомври минатата година Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари. Откако Маск ја презеде сопственоста на компанијата, Twitter изгуби повеќе од половина од својата вредност. Маск сугерираше во допис до вработените дека Твитер сега се проценува на помалку од 20 милијарди долари.

Во писмото, Маск, исто така, посочи дека на компанијата била на само четири месеци до тоа да остане без пари, пред да подели низа отпуштања на високи кадри. Според бројките објавени од Маск во декември, бројот на вработени во компанијата е намален од околу 7.500 на околу 2.000.